Wednesday, February 22, 2012

 


MACEDONIAN ORTHODOX CHURCH-ARCHBISHOPRIC OF OHRID *AMERICAN-CANADIAN MACEDONIAN ORTHODOX DIOCESE*

5083 ONONDAGA ROAD, SYRACUSE, NEW YORK 13215     TEL.: (315) 487-1265

Info Latest NewsMinimize

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК, ВО SYRACUSE, NEW YORK

Што да Ти принесеме, Христе, за тоа што заради нас како човек се јави на земјава? Секое Твое создание  Ти  принесува благодарење; ангелите - песна; небесата – ѕвезда; мудреците – дарови; пастирите – восхит; земјата – пештера; пустината – јасли; а ние - Мајката Дева

(Црковна песна)

Празникот на Рождеството Христово е слава на се` што Христос ни принесе и ни принесува. Од друга страна, пак, тоа е ден што не` обврзува и самите да се прашаме – „Што да Му принесеме ние на Христа?“ Во Светото Евангелие тоа прашање е одговорено од оние што со своето присуство учествуваа во славното Рождество на Спасителот. Светата Дева Марија – се понуди себеси, потчинувајќи се на Божјата волја и носејќи Го Христа во утробата своја, од која Он се роди (Лука 1, 26 – 38). Праведниот Јосиф, пак, ја запази Господовата заповед, грижејќи се за Божјата Мајка и Богомладенецот Христос (Матеј 1, 24 – 25). Пастирите, откако ја чуја ангелската песна и откако Го видоа Детето, Му принесоа сведоштво за чудесните работи – за она што беа виделе и чуле (Лука 2, 8 -20). Мудреците, следејќи ја ѕвездата на исток, дојдоа кај Исуса да Му се поклонат, принесувајќи Му ја својата служба и своите дарови (Матеј 2, 1 – 12).

Ете, тоа ни покажува како треба да го чествуваме овој голем Празник и што да Му принесеме на Христа. Како одговор на Неговата љубов, должни сме целосно да Му се предадеме Нему, со сето свое срце, со сиот свој разум, со сето свое тело и сета своја душа.

Торжество и дух Божиќен на Рождество Христово се чувствуваа во секое катче и при нашата црква „Свети Ѓорѓи“ во Сираќуз, но и благодарност и сведошво за Бога, додека Му се принесуваше Божествена Литургија на Богомладенецот, а за крај, пак, сето тоа да зврши со божиќни песни, славословени од нашите најмлади, кои и најмногу Му се радуваат на Детето Христос. Ако Божиќ е празник на љубовта, мирот и радоста, сите тие дарови изобилно ни ги изли Воплотениот Син Божји на денот на Неговото Рождество, а тие нека бидат присутни меѓу нас и во текот на Новото Лето Господово.

 

 

Известува: протоереј-ставрофор Бранко Постоловски
 Print  
Privacy Statement | Terms Of UseCopyright (c) 2004-2011. Govsphere, Inc. All Rights Reserved.Register | Login